Најчести прашања и одговори

Logo

Што е Refot групација?

• Refot е групација од четири компании кои работат на шест различни пазари, а се лидери во областа на дистрибуција и продажба на фото и видео опрема. Основачка компанија Refot B d.o.o. е основана далечната 1990 година со примарна цел увоз и дистрибуција на фото и видео опрема на територијата на Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. За повеќе информации видете: www.refot.com

 

Кој се може да се пријави на кокурсот „Мое омилено место за 36h?“

• Конкурсот е наменет за сите жени и мажи над 18 години, кои имаат искуство со правење на видео материјали, а кои имаат место на живеење во некое од наведените земји СРБИЈА, ХРВАТСКА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА и ЦРНА ГОРА. Зa правила и услови за пријава погледнете го следниот линк.

 

Како се врши пријавата?

• Пријавувањето се врши преку веб-страницата www.createyourfilm.com, каде што е потребно да се пополни апликацијата според барањата кои се наведени. Сите апликации кои не се во согласност со барањата наведени во апликацијата нема да бидат разгледани. Линковите од претходните видео материјали не мора да бидат заеднички дела, туку може и да се индивидуални проекти кои најдобро ќе го претстават вашиот начин на работа. Бројот на линкови е максимум до 5 (препорачливо е да бидат објавени на канал на YouTube, кој може да биде и приватен).

 

Дали постои очекуван формат за видео?

• Не, сите видео форми се дозволени, документарен, долгометражен филм, музичко видео, видео арт, stop-motion, ​​денс видео, репортажа, VR видео, онолку колку што може да достигне вашата фантазија.

 

Дали автоматски тимот оди во следната фаза од натпреварот, само преку поднесување на пријавата?

• Не, вашата работа треба да биде „одобрена“ од жирито за да можете да учествувате на натпреварот. Во смисла дека го исполнува очекуваното ниво на компетентност, дека не сте комплетен почетник.

 

Кога ќе знаеме кој е примен во следната фаза?

• 1 октомври ќе биде објавен списокот на тимови кои се одобрени од страна на жирито.

 

Како да знаеме кога точно да ја вратиме опремата и да го пратиме видеото?

• Секој тим ќе има свој координатор од Refot групацијата кој директно ќе ги запознае со процедурите.

 

Како да знаеме дали нашата пријава успешно е пратена?

• По пополнувањето на пријавата ќе добиете е-мејл потврда дека сте успешно пријавени, а на 1 октомври и официјално соопштение кои тимови ќе учествуваат во конкурсот.

 

Кој е крајниот рок за пријава на конкурсот?

• Крајниот рок е 30 септември, до полнок, 23:59!

 

Дали може да се пријавам доколку немам никакво претходно искуство со снимање на видеа?

• За жал, не, бидејќи тоа е еден од условите за апликација, до 5 линкови кои ни ја прикажуваат вашата претходна работа. Тоа не мора да биде заеднички проект на сите членови на тимот, може да бидат и линкови кои ни покажуваат што може да направи вашиот тим!

 

Што треба да биде прикажано во „моето омилено место во 36h“

• Само имагинацијата е граница, но таа дефинитивно треба да биде поврзана со споменатата тема. Од различните чувства што ве врзуваат за вашето омилено место до прикажување на сите негови детали. Може да се толкува на безброј креативни начини. Ваше е да ни го покажете вашето омилено место, на ваш начин и уникатно. Неопходно е тоа да биде снимено само од вашиот тим и со опремата што ќе ја добиете. Во видеото можете да користите се за што имате лиценца или за што сте автор, од 3Д елементи, шаблони, VFX…

 

Кои се техничките ограничувања?

• Препорачаниот сооднос е 16:9 (но не ограничувачки), минимална резолуција 1080p, макс 3840 x 2160 (4k). Видео форматите се H.264/AVC, H.265 / HEVC. Форматот на финалното видео е .mp4. Должината на видеото, до 3 минути, се што е над 3 минути ќе се смета дека не ги исполнува условите на натпреварот. Големината на фајлот да е најмногу до 2GB! За музиката во видеото можете да ја искористите само онаа која сами сте ја компонирале, за која имате право да ја користите (да се приложи правото за користење) или да превземете музика која соодветува за вашето видео од нашата платформа, која ќе ви ја испратиме накнадно. Што се однесува за едитирањето, тука нема рестрикции. Пожално е да се направат и корекции на бојата , бидејќи ќе се гледа и квалитетот на снимката.

 

Дали е потребна котизација за учество?

• Не, конкурсот е бесплатен.

 

Колку тимови може да учествуваат во конкурсот?

• Не е ограничено, само зависи од квалитетот на пријавата која ќе ја добиеме.

 

Како ќе се одреди победничкиот тим?

• Параметри кои ќе се земат во предвид: да соодветува видеото со темата на конкурсот, квалитетот и оригиналноста на сценариото, креативност на монтажата и технички квалитет на снимката.

 

Кога ќе се прогласат победниците?

• Победниците ќе бидат прогласени на средината од ноември, за што ќе ве информираме претходно.

 

Колку победнички тимови може да има и кои се наградите?

• Има три први награди, избрани од стручно жири, а наградите се за 1 место (ваучер од вредност од 5000 евра кој може да се искористи во Yellow Store продавницата), 2 место (ваучер од вредност од 3000 евра кој може да се искористи во Yellow Store продавницата) и 3 место (ваучер од вредност од 1000 евра кој може да се искористи во Yellow Store продавницата). Постои и награда од публиката која ќе биде одредена на основа на број гласови на веб страницата www.createyourfilm.com , а наградата е фотоапарат Nikon Z30 + 16-50 mm.

 

Каде можеме да ја разгледаме и тестираме опремата која ќе ја користиме?

Србија, Белград, Yellow Store, Вук Караџиќ 7а, +381 11 3034 373, https://yellowstore.rs/

Хрватска, Загреб – Yellow Store, Франкопанска 6, +385 1 5804 229; Сплит – Yellow Store,

Бана Јосипа Јелачиќа 21, +385 (0) 21 278 044, https://www.yellowstore.hr/

Босна и Хезцеговина, Бања Лука – Yellow Store, Тараса Шевченка бр.1, +387 5132 44 43, https://yellowstore.ba/

• Македонија, Скопје, Рефот М, 50та Дивизија 30а, +389 2 3215 985

Црна Гора, Подгорица – Yellow Store, Ѓока Мирашевиќа 61, +382 20 264315

Албанија, Тирана, Згатар Електроникс Тирана, City Park, Аутострада Тирана-Драч, +355694079818

 

Кои се членови на жирито?

Видете го жирито ТУКА

 

Дали еден член на тимот може да биде во повеќе тимови?

• Лидерот на тимот може да биде само во еден тим, а членовите на тимовите можат да се појавуваат и во други тимови.

 

Дали во членовите на тимот спаѓаат глумци, стажисти…?

• Не, ама во склоп на договор со лидерот може да се појават.

 

Доколку имаме додатни прашања?

• Се подразбира ние сме секогаш тука за вас, можете да ни пишете на info.createyourfilm@gmail.com