Правила и услови за пријава

Logo

Здраво! Ти благодариме што одлучи да дознаеш нешто повеќе во врска со конкурсот „Мое омилено место за 36h“. За да ги елиминираме сите сомнежи, ова се правилата и условите за пријава на кои ќе сметаме дека твојот тим се согласува со истите во оној момент кога ќе ни ја поднесете вашата пријава:

1. Општи услови

• Пријавата подразбира согласување на сите барани податоци преку линк име на тимот, земја, контакт на тим лидерот, листа на членови во тимот и линкови од референтите дела. Можете да поставите максимум 5 линка со ваши дела кои најдобро ќе ја претстават вашата работа. Тимот што ќе се квалификува за понатамошно учество ќе го одлучи жирито и ќе биде објавено на 1 октомври. Тимот може да се состои од најмногу 5 членови. На располагање имате 36 часа за снимање на вашето омилено место, исклучиво со обезбедената опрема. Имајте во предвид рокот за пост продукцијата е во траење од 7 дена.

• Авторите на видеото „Мое омилено место за 36 часа“, повикувајќи се на дадената тема, ги задржуваат сите права на нивната работа (Copyright), разбирајќи дека авторите го даваат правото да се користи нивното име и нивното видео за цел на промоција на кампањата #Create YourFilm. Авторите, исто така, гарантираат дека тие се навистина автори на видео материјалот и се носители на авторските права, кои, за цел на прмоцијата на #CreateYourFilm, ја обезбедуваат Refot групацијата да се користи 3 години, додека сите видео материјали кои ќе бидат објавени во текот на кампањата, по истекот на рокот од 3 години остануваат на сите платформи на кои дотогаш се објавени, што значи дека нема да бидат избришани.

• Финалните видеа може да се користат во промотивни материјали, објавени или прикажани во врска со кампањата, без дополнително известување.

• Видеото кое ќе биде снимено од тимот, до крајот на конкурсот, т.е. објавата на победникот може да се објави само на веб-страната www.createyourfilm.com како ексклузивна содржина, и е потврдена од авторите кои ги прифаќаат овие услови на натпреварот.

• Учесниците се согласуваат некој од групацијата Refot да ги снима тимовите за време на нивната работа преку видео за „making off“ или ако се договорат поинаку со членовите на тимот, за да може материјалот да биде објавен на нивните канали и да се користи за промоција на проектот.

• Учесниците на конкурсот ќе бидат информирани во врска со нивните права за користење на видеото доколку трети лица контактираат со групацијата Refot за можноста видеото да се користи за комерцијални цели.

• Натпреварот се состои од две фази. Првата фаза вклучува испраќање првична апликација на веб-страницата www.createyourfilm.com, под тема „Моето омилено место за 36 часа“ со референтни линкови од вашата претходна работа, додека втората фаза вклучува квалификација на тимовите од стручно жири, по што екипите треба да ја добијат опремата од Refot. По 36 часа, тимовите ја враќаат опремата и продолжуваат со постпродукцијата на видеото, која ја извршуваат во рамките на нивните ресурси, за што имаат на располагање 7 дена.

• Учесниците на конкурсот можат да бидат сите кои се жители на териториите на Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија или Црна Гора и да се над 18 години.

• Во Refot групацијата спаѓаат фирмите Refot B за Србија и Црна Гора, Refot BH за Босна и Херцеговина, Refot M за Македонија и Албанија, FTG дистрибуција за Хрватска.

 

2. Технички услови

• Учесниците во текот на снимањето исклучиво можат да ја користат само опремата која ја презеле од Refot групацијата и за кои потпишале согласност, а таа опрема е.

• Препорачан формат за снимање е 16:9 (но не е лимитиран), минимум резолуција 1080p, максимум 3840 x 2160 (4K). Видео формати H.264/AVC, H.265/HEVC. Форматот за крајното видео да е .mp4. Времетраење на видеото да биде најмногу до 3 минути, се над 3 минути ќе се смета дека не ги исполнува условите на конкурсот. Големината на фајлот да е најмногу до 2GB! За музика во видеото можете да ја искористите само онаа која сами сте ја компонирале, за која имате право да ја користите (да се приложи правото за користење) или да превземете музика која соодветува за вашето видео од нашата платформа, која ќе ви ја испратиме накнадно. Што се однесува за едитирањето, тука нема рестрикции. Пожално е да се направат и корекции на бојата , бидејќи ќе се гледа и квалитетот на снимката.

• Лидерот на тимот ја презема одговорноста да го испрати монтираното видео, со назив „Моето омилено место за 36 часа“ на договорената е-mail адреса, во договореното време, преку WeTransfer.

 

3. Одговорност

• Сето потребно внимание ќе биде посветено на тимовите, но Refot Group нема да преземе никаква одговорност за каква било загуба или оштетување на опремата, без разлика дали тоа се случило поради невнимание на опремата од страна на учесниците, нивните агенти, вработените, вработени лица по договор или било кој, кој може да одговара пред законот. Тимот е должен да ја врати опремата во состојба каква што е и примена, без никакви оштетување. Лидерот на тимот потпишува договор со кој ова ќе биде потврдено, како и одговорност за комуникацијата со членовите на тимот, актерите… и се што го вклучува нивниот процес на снимање, монтажа или самата организација. Исто така, со потпишувањето на договорот, лидерот на тимот потврдува дека ќе се придржува до условите на конкурсот, ќе ја врати опремата во исправна состојба и SSD-то со оригиналните датотеки на него (што служи само за утврдување на автентичноста на видеото) и да сними видео на дадената тема.

• Refot Group нема да биде одговорна за невниманието на Учесникот, ситуации над кои нема контрола, лоши временски услови, повреда на работа, вклучувајќи ама не ограничувајќи се на падот на мрежата, компјутерски вирус, неовластен пристап до серверот или понатамошна употреба на видео записи преземени од социјални мрежи како и злоупотреба од трети лица.

•  Refot Group нема да биде одговорна за репарации или други штети предизвикани од учесниците, како резултат на нивното учество во видео конкурсот и кампањата #CreateYourFilm

• Refot Group не носи одговорност за нарушување на авторските права кои учествувале или дале креативен придонес во текот на изработка на видеото, како и личностите кои се појавуваат во самото видео, тоа е одговорност на тимот. Исто така не носи одговорност за снимање на објекти за кои е потребна посебна дозвола за снимање.

• Учесниците се обврзуваат да не ја поврзуваат Refot Group со било какви тужби, дејствија и правни постапки, да бараат какви било компензации, адвокатски трошоци кои произлегуваат од жалба од трета страна во однос на приговори на авторските права или какви било други интелектуални права и својства што може да произлезат како последица поради можни неправилности на испратените видео фајлови.

• Иако учесниците ги задржуваат своите авторски права и другите  права наменети за нивните дела, Refot Group сè уште останува носител на правата класифицирани под називот „Права“.

• Доколку последното видео содржи незаконски дејствија, спротивно на законите на надлежната земја,  Refot Group го задржува автоматското право да го дисквалификува тимот, без дополнително објаснување (како што се прикажување на дрога, верска, расна или полова дискриминација, проституција, злоупотреба. ..)

 

4. Права

• Со цел објавување на конкурсот и промовирање на видеото како уметност, Refot Group го задржува правото да објавува, репродуцира, јавно комуницира, прикажува, печати, дистрибуира, прилагодува и ги презентира победничките тимови во период од 3 години, со името на видеото на веб-страната и социјалните мрежи, како и на изложби, настани, други изложби организирани или управувани од Refot Group и нејзините овластени агенции без дополнителен надомест или претходна согласност на учесниците/победниците за кампањата #CreateYourFilm. Сите материјали објавени дотогаш нема да бидат последователно избришани откако ќе помине третата година.

• Refot Group исто така го задржува правото да може да го прикаже видеото во TV формат, TV емисии… овие објави не гарантираат никаква награда, парична или каков било еквивалент од тој вид.

• За прикажување на видеата посветени на оваа кампања #CreateYourFilm на своите канали, налози, некои изработки можеби ќе претрпат промени поради форматирањето на одредени мрежи.

• Доколку Refot Group процени дека има прекршување/злоупотреба на условите на натпреварот на било кој начин, Refot го задржува правото да го исклучи тимот од понатамошно учество во видео конкурсот, да ја одбие испораката на наградата на учесникот, т.е. на тимот што го сторил прекршувањето или злоупотребата. Еден пример може да биде употреба на опрема која не е обезбедена од Refot Group.

• Refot Group ќе ги прикажува ингеренциите од видеата на веб-страницата и социјалните медиуми, изложби и други слични места каде што ќе се прикажуваат. 

• За да се постигнат споменатите цели во претходната клаузула, Refot Group може:

• Да ги прикаже најкреативните изработки во целина или само еден дел од нив на веб страницата или друштвените мрежи со кои ракуваат, со додатни графички ефекти, звучни ефекти, или музика, или вработување на учесниците на кампањата потполно или делумно во правење постери, покани или флаери со цел на промоција на изложби или други настани. Учесниците се согласуваат дека нема да изразат морална загриженост која ќе се однесува на употребата на победничките записи или „најдобрите записи“ избрани од Refot Group.

• За останатите цели кои не се погоре наведени, поради договорот со учесниците или победникот, Refot Group го задржува неограниченото неексклузивно право да објавува, репродуцира, објавува, јавно емитува, прикажува, печати, дистрибуира, прилагодува или презентира „најдобри учесници“ како да се учесници или победници на овој натпревар, без никаков дополнителен надомест.

• Refot Group се обврзува никогаш да не ги монетизира испратените видео записи. Авторите ќе бидат контактирани за било какви понуди.

 

5. Останати услови

• Учесниците кои нема да ги прифатат Условите за пријавување или нема да ја пополнат апликацијата во согласност со наведените барања, нема да се земат предвид за учество на конкурсот.

• Невалидноста или неприменливоста на која било одредба од овие Услови и правила нема да влијае на валидноста или веродостојноста на која било друга одредба. Во случај некој приговор да биде означен како неважечки или неспроведлив или незаконски, овие Услови и правила остануваат валидни и ќе се толкуваат во согласност со нивните услови, дури и ако неважечкиот или незаконскиот приговор не е наведен овде.

• Овие Услови и правила ќе се толкуваат во согласност со законот на земјата каде што се објавува конкурсот.

• Сите спорови ќе се решат под исклучива надлежност на судот во одговорната земја.

• Refot Group го задржува правото да промени некои од условите доколку се појави потреба, за што прво ќе бидат информирани сите учесници.

 

Земји учесници:

• Србија

• Хрватска

• Македонија

• Босна и Херцеговина

• Црна Гора

• Албанија

 

6. Награди

• Наградите се ваучери во Yellow Store, каде што можете да купите опрема во вредност од 5.000 евра за 1 место, 3.000 евра за 2 место и 1.000 евра за трето место. Наградата на публиката ќе се доделува врз основа на гласовите на публиката од www.createyourfilm.com, каде секој има право да гласа само еднаш, почетокот и крајот на гласањето ќе бидат објавени подоцна на сите наши канали.

• Ваучерите може да се користат најдоцна 3 месеци по нивното доделување. Ваучерите ќе се подигнат на затворањето кога ќе бидат прогласени победниците. Местото и времето на настанот ќе бидат објавени подоцна. Доколку учесниците не можат да присуствуваат на настанот, ќе им биде доставен ваучер во договор со нивниот тим лидер.

• Како тимовите ќе го искористат износот на пари од ваучерот е одлука само на тимот, со што Refot Group нема никаква одговорност.